Top Sport

Хабиб го осуди однесувањето на Чимаев: Така е, бидејќи околу него нема муслимани

УФЦ легендата, Хабиб Нурмагомедов не беше импресиониран од однесувањето на шведскиот фајтер со чеченско потекло, Хамзат Чимаев на УФЦ 279, посочувајќи дека мора да има повеќе муслимани во тимот кои ќе го држат смирен.

Чимаев го совлада Кевин Холанд минатиот викенд, но тоа беше само меч за замена, бидејќи предложениот дуел со Нејт Дијаз не се слуши откако не успеа да се спушти до потребната тежина. Покрај ова, тој правеше „циркузи“ на шоуто во Лас Вегас, предизвикувајќи инцидент за време на прес-конференцијата со Дијаз, и Хабиб не е задоволен.

„Ако си муслиман, треба да имаш добри луѓе околу себе. Муслимани кои ќе ти кажат: ‘Еј, не го прави тоа’. Неодамна го гледав мерењето на Хамзат Чимаев и што се случуваше таму. Околу него нема муслимани и затоа е многу лошо. Ако си муслиман, треба да имаш многу силни и добри луѓе околу тебе. Кога си богат и славен, добиваш моќ и нема многу луѓе кои ќе ти даваат совети. Затоа се потребни добри луѓе, дури и да не ти се допаѓаат“, вели Нурмагомедов.

Нурмагомедов на почетокот на кариерата на Чимаев беше близок со Чеченецот, но потоа минатата година влезе во расправија со него, но и со чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров.

Хабиб им одговори на Чеченците: Никогаш не сум очекувал ништо од нив

Scroll to Top