Top Sport

Дел Потро признава: Можеби ова е крај на мојата кариера

Поранешниот гренд слем шампион, Хуан Мартин дел Потро призна дека неговата кариера можеби е завршена по уште една хорор-повреда во неговата кариера која е одбележана со голем број на лоши повреди.

Аргентинецот го скрши десното колено вторпат во последните осум месеци, откако се лизна при победата над Канаѓанецот Денис Шаповалов во Лондон, и во сабота ќе оди на операција во Барселона. Тој на Инстаграм призна дека 7:5/6:4 победата над Шаповалов на Квинс клаб, можеби ќе биде забележана како негова последна.

„Како што знаете го скршив десното колено по вторпат. Медицинските совети кои ги добив ми препорачуваа да одам на операција. Сакам да останам здрав, а не само да играм тенис. Ова е уште еден тежок момент, и повторно морам да поминам низ ова. Не знам што ќе се случи следно. Се надевам дека ќе можам да се опоравам, но можно е тој меч да беше последен во мојата кариера. Ќе размислам добро и ќе видам што ќе може да направи моето тело“, напиша Дел Потро.

Тој го скрши истото колено минатиот октомври, прекратувајќи ја сезоната и во 2019 имаше само пет настапи. 30-годишниот Дел Потро, кој победи на Флешинг Медоуз во 2009 година, претходно имаше долги паузи поради четирите операции на зглобовите на рацете.

 

View this post on Instagram

 

Muchas gracias por todos sus mensajes! ?? . . (English caption please visit @teamdelpo )

A post shared by Juan Martin del Potro (@delpotrojuan) on

Scroll to Top