Поранешниот шампион од САД опен, Хуан Мартин дел Потро се врати на тренинзите по сериозната повреда на коленото од пред два месеци, уште една во низата на повреди кои го следат Аргентинецот во кариерата.
Делпо имаше одлична 2018 во која беше финалист на САД опен (каде што загуби од Новак Ѓоковиќ), ја освои првата АТП Мастерс 1000 титула во Индијан Велс и стигна до третото место на АТП листата. Меѓутоа, пред АТП финалето во Лондон тој го скрши десното колено во текот на Мастерсот во Шангај во октомври.
Сега, работите изгледаат одлично за Аргентинецот, кој имаше две долги паузи во кариерата поради операција на зглобовите на раката.
„Сакам да ви кажам дека почнав да играм тенис два месеци по повредата. Одиме полека, но мислам дека полека ја враќам формата“, им кажа Делпо на своите фанови на Твитер.
30-годишниот Аргентинец ќе се врати на Кујонг класик, егзибицискиот турнир во Мелбурн пред Австралија опен.
Фото: ЕПА
Después de dos meses, una linda noticia ☺️???
After two months, good news!!! pic.twitter.com/2Xnzsdjyh8
— Juan M. del Potro (@delpotrojuan) December 14, 2018