Еден од фаворитите за титулата, Хуан Мартин дел Потро ја избегна судбината на Григор Димитров и се пласираше во четврт-финалето на Кина опен во вторникот.
Првиот носител, кој има една од најдобрите сезони во кариерата го совлада отпорот на упорниот Карен Хачанов со 6:4/7:6(4), за сега да игра со Србинот Филип Краиновиќ.
Бугарскиот тенисер број 1, Димитров пак, направи девет двојни сервис грешки за да загуби во три сета со 6:4/2:6/6:4 од српскиот квалификант Душан Лајовиќ, кој сега игра со Британецот Кајл Едмунд.
Кај дамите, Каролине Вознијацки со 7:5/6:3 ја совлада Хрватката Петра Мартиќ за дуел со Естонката Анет Контавеит, а седмата носителка Каролина Плишкова во четврт-финалето ќе игра со домашната фаворитка, Ванг Кијанг.
Во Токио пак, младиот Канаѓанец Денис Шаповалов го исфрли поранешниот шампион Стен Вавринка враќајќи се од сет негатива за 4:6/6:1/6:4 победа. Светскиот број 31., Шаповалов се соочи само со еден брејк во мечот од 1 час и 49 минути
Ник Кирјос во својот прв меч во Токио со 7:5/7:6(3) го елиминираше домашниот тенисер Јошихито Нишиока, кој минатата недела триумфираше на Шенжен опен. Следен за Австралиецот е Ришар Гаске.
Првиот носител на турнирот, Хрватот Марин Чилиќ падна на првата пречка, откако Германецот Јан-Ленард Штруф имаше повеќе сили во дуелот од три сета (3:6/6:4/7:5(1)).
Фото: ЕПА