Хуан Мартин дел Потро (33), го одигра последниот меч во кариерата. Делпо се врати по паузата од три години, доби оваации од трибините во Буенос Аирес и во солзи замина од теренот по мечот со сонародникот Федерико Делбонис.
„Дадов се од себе до последниот поен. Среќен сум што мојот последен гем во кариерата беше на теренот, а не на прес конференција. Веројатно никогаш повеќе нема да се видиме. Ова е крај на мојата кариера“, рекол Делпо.
Top emotional tennis moments: @delpotrojuan ?
?: @TennisTV | #ArgentinaOpenpic.twitter.com/C27GXpvdoC
— ATP Tour (@atptour) February 9, 2022
Траката за глава, која му беше заштитен знак, ја остави на мрежата, со што го симболизира крајот на кариерата.
Juan Martín del Potro's last time on a tennis court. He leaves his headband in the net…? pic.twitter.com/yXKyMxzqoB
— Juan Ignacio Astaburuaga (@jiastaburuagac) February 9, 2022
Делпо во кариерата има една гренд слем титула (Ју-ес опен 2009), вкупно освоил 22 титули, има две одличја од Олимписките игри. Ја предводеше Аргентина до титулата во Девис купот. Најдобар пласман на ТАП листата го имаше во 2018 година, кога беше трет светски рекет.