Top Sport

Кошмарна олимпијада за Михаела Шифрин

Зимските олимписки игри во Пегинг стнаа кошмар за легендарната Американка Михаела Шифрин. Откако не ја заврши трката во велеслалом, не успеа да стигне до целта ниту во омилената дисциплина, Слалом.

Траката во слалом, во која победи Петра Влхова, Шифрин ја заврши на самиот почеток. Американката излета од патеката по само осум секунди. Истото и се случи и во велеслалом, на патеката се задржа само 11 секунди.

Откако излета од патеката во слалом, Шифрин 25 минути седеше крај патеката, дури потоа се спушти до целта.

„Се навраќамм на се она што се случуваше во последните 15 години, за се што мислев дека знам за скијањето, за менталитетот што го имам. Притисокот беше голем, но мислам дека тоа не беше проблемот денес“, рекла 26-годишната Американка.

ЗОИ во Пекинг се трети во кариерата за Шифрин. Во 2014 година во Сочи беше златна во слалом, а во 2018 година во Пјонгчанг освои злато во велеслалом.

 

Scroll to Top