Top Sport

Денот кога Федерер не го пуштале на Вимблдон: Верувајте, имам осум титули!

Тенискиот великан Роџер Федерер откри дека е вистина дека при една посета на Вимблдон, не го пуштиле да влезе на славните тениски терени во Лондон, бидејќи чуварот не му верувал дека е член, иако има освоено осум титули.

На гостувњето на „Дејли шоу“ на Тревор Ноа, Федерер ја открива случката.

„Бев во Лондон и имав два часа пред мојот лет и отидов до Вимблдон. Отидов до портата од која влегуваат гостите, но човекот од обезбедувањето ми ја побара членската карта. Кога ќе го освоиш Вимблдон, автоматски стануваш член. Затоа му кажав: ‘Ја немам мојата карта, но сигурно сум член. Почнав да му кажувам: ‘Ве молам да ме пуштите, имам осум титули тука’“, открива Федерер.

Случката се решила кога случаен минувач побарал селфи со Федерер, и потоа обезбедувањето се смилувало и го пуштило.

Scroll to Top