Top Sport

Кака разочаран од Бразилците: Роналдо за нив е само дебел човек кој оди по улица

Поранешната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид, Кака вели дека Бразилците го третираат легендарниот Роналдо Назарио како „дебел човек кој оди по улица“, посочувајќи дека и покрај имиџот дека фудбалската репрезентација е „светост“ за Бразилците, многу од нив никогаш не ја поддржувале репрезентацијата.

Роналдо освои две титули од Светското првенство со Бразил – во 1994 година кога беше тинејџер и беше на клупата и во 2002, кога играше во еден од најдоминантните бразилски тимови, постигнувајќи осум гола на турнирот, од кои два во финалето против Германија. Статусот на легенда на фудбалот не значи ништо за Бразилците, смета Кака.

„Можеби ќе звучи чудно, но многу Бразилци не навиваат за Бразил. Ако го видат Роналдо како оди по улица во Европа, тоа ќе биде ‘вау’, нешто посебно. Во Бразил, тој е само дебел човек кој оди по улица. Секако, многу Бразилци го сакаат Роналдо, јас го сакам Роналдо, но начинот на кој се однесуваат кон него дома и во странство е многу поинаков. Надвор од Бразил има многу повеќе респект за него“, вели Кака.

Scroll to Top