Британскиот таблоид „Сан“ објави листа со десет најдобри спортисти н сите времиња. Според таблоидот во Топ 10 нема место за мајкл Фелпс, Кристијано Роналдо, Новак Ѓоковиќ, Флојд Мејведер…
Број 1 според „Сан“ е боксерот Мохамед Али. Легендарниот Американец три пати бил светски првак во тешка категорија. Според многумина тој е боксерот кој го обележа минатитот век. Ќе остане запаметен како голем борец за човековите права и како човекот кој одби да се бори во вијетнамската војна.
На второто мето е Австралиецот Дон Брадман. Поради овој играч Англичаните ги менувале правилата на крикетот но не успеал да ја намалат неговата доминација во овој спорт.
Трет на листата е Пеле. Бразилскиот фудбалер кој се смета за најдобриот на сите времиња во кариерата постигнал 1.281 гол, а со Бразил три пати бил светски првак.
Четвртото место му припаѓа на Тајгер Вудс, петтото на Роџер Федерер, па следуваат кошаркарот Мајкл Џордан, атлетичарот Џеси Овенс и аргентинските фудбалски легенди Диего Марадона и Лионел Меси.
Листата ја затвора најбрзиот човек во светот, светскиот рекордер на 100 и 200 метри Усеин Болт.