Top Sport

Џесика Пегула го освои турнирот во Монтреал

Американката Џесика Пегула ја освои титулата на тенискиот турнир во Монтреал од серијата ВТА 1000 со награден фонд од 2.788.468 долари.

Во финалето, четвртата носителка Пегула ја декласираше Русинката Људмила Самсонова со 6:1, 6:0 за само 49 минути и вкупно пет брејка, испраќајќи јасна порака до нејзините ривалки пред УС Опен.

Титулата е прва за Американката во сезоната и втора во серијата ВТА 1000, а Самсонова влезе во последната пресметка неколку часа откако нејзиниот полуфинален натпревар против Елена Рибакина беше одложен поради дожд.

Пегула стана првата Американка која го освоила турнирот во Монтреал по една деценија, по титулата на Серена Вилијамс во 2013 година.

Scroll to Top