Top Sport

Димитров ќе го предизвика Делпо

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го победи Фабио Фоњини со 6:3/7:6 за да се пласира во финалето на Стокхолм опен и да ги зголеми своите шанси за прв пласман на завршното АТП финале во Лондон.

Димитров се искачи на петтото место на „трката за Лондон“ пред Хрватот Марин Чилиќ, на кој веќе се пласирани Роџер Федерер, Рафаел Надал, Александер Зверев и Доминик Тим. Димитров веќе ја имаше освоено титулата во шведската престолнина во 2013 година.

Во финалето, Димитров ќе се сретне со Хуан Мартин дел Потро, кој се врати од сет-негатива за 6:7(4)/6:4/7:6(1) победа над шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско во трилер-натпревар. 29-годишниот Дел Потро е актуелен шампион од  Стокхолм.

Scroll to Top