Григор Димитров планира да направи мала пауза од тенисот откако доживеа тежок пораз во третото коло на Ролан Гарос во петокот.
Бугарскиот тениски ас, кој беше четврти носител во Париз загуби со 7:6(4)/6:2/6:4 од шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско, само два дена откако во пет сета едвај го помина Американецот Џаред Доналдсон.
Пред ова, Димитров стигна до полуфиналето во Монте Карло и во четврт-финалето во Барселона, но загуби во првото коло во Мадрид и во Рим. Со само 18-11 скор оваа година, Димитров вели дека му е потребна пауза.
„Потребно ми е малку слободно време за да ја проценам целата сезона на земја, да бидам искрен. Мислам дека ми треба мала анализа мојата игра и да видам каде грешам. Не сакам да бидам многу негативен во моментов, бидејќи секогаш е емотивно по пораз“, вели Димитров.
Германецот Александер Зверев пак, го издржа маратонот против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина за пласман во четвртото коло. По речиси четири часа игра, 21-годишниот Зверев победи со 6:2/3:6/4:6/7:6(3)/7:5 за првпат во кариерата да стигне до четвртото коло на Ролан Гарос.
Зверев лесно го освои првиот сет, а направи и брејк во вториот, пред Џумхур да ги искористи грешките на Германецот (кој заврши со 73 неизнудени грешки) за да ги освои следните два сета. Џумхур дури имаше меч-поен во 11-тиот гем од последниот сет, пред да стигне до победата.
„Ова е првпат да стигнам до четвртото коло и тоа на совршен меч. Публиката беше фантастична“, вели Зверев.
Џумхур освен што загуби во драматичната пресметка во пет сета со Алекснадер Зверев, имаше и уште еден незгоден момент на теренот кога го „нокаутираше“ детето што собира топки.
Talk about a collision course. ?@DzumhurDamir collides with ball boy during match. #RG18 pic.twitter.com/M5xHLxMlMK
— Tennis Channel (@TennisChannel) June 1, 2018
Фото: ЕПА