Џастин Гетлин (40), олимпискиот шампион на 100 метри од 2004 година, реши да ја заврши кариерата.
Гетлин со емотивна објава на „Инстаграм“ им ја соопшти одлуката на своите фанови.
„Патеката ми даде се, солзи, болка и радост. Научив лекции кои никогаш нема да ги заборавам. Штафетата помина, но љубовта никогаш нема да исчезне. Припрема, позор…сега“.
Гетлин има сребро од ОИ во Рио во 2016 и бронза од ОИ во Пекинг во 2012 година. Четири пати бил светски првак. Последниот голем успех го оствари во 2019 година, со 37 годино на СП во Доха го освои второто место.
Покрај одличните резултати на патеката, кариерата на Гетлин ја обележа и допинг скандалот. Во 2006 година поради позитвен тест доби четири годишна суспензија.