Top Sport

Џенифер Лопез и Алекс Родригез сакаат да ги купат Њујорк метс

Поп-дивата Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг, поранешната безбол-ѕвезда Алекс Родригез планираат да го купат МЛБ тимот на Њујорк Метс во договор вреден речиси 2 милијарди долари.

Според весникот „Њујорк пост“, селебрити-двојката со сериозни инвеститори зад нив, како банката „ЏП Морган Чејс“ веќе дале прва понуда овој месец, која била одбиена, иако тие ветувале стотина милиони долари во инвестиции за клубот кој е во сопственок на браќата Фред и Џеф Вилпон.

Родригез, популарниот „Еј-Род“ имаше блескава кариера за Њујорк јенкис, Сиетл маринерс и Тексас ренџерс и има доволно познавање на безбол-бизнисот за да го оствари договореното.

Scroll to Top