Top Sport

Џиро: Билбао со соло-победа, Конти ја заддржа розевата маичка

Шпанецот Пелјо Билбао (Астана) е победник на седмата етапа на Џиро Д’Италија по брзата етапа од Ласто до Л’Аквила, додека Италијанецот Валерио Конте (УАЕ Тим Емирати) ја заддржа розевата маичка.

Билбао нападна на 1.5 километри пред финишот на етапата која како да беше создадена за храбри велосипедисти кои сакаат да напаѓаат, додека ривалите во генерален пласман решија да „играат на сигурно“. И покрај тоа што етапата имаше две искачувања, просечната брзина на етапата беше 45 км/ч.

Шпанецот беше дел од групата од шест велосипедисти кои беа одвоени на шест километри пред крајот, за да стигне до својата прва голема победа пред Тони Галопан (АГ2Р Ла Мондиал) и Давиде Формоло (Бора-Хансгрое).

Scroll to Top