УФЦ шампионот во средно-тешка категорија, Џон Џонс влезе во остар напад на газдата на УФЦ, Дејна Вајт отфрлајќи ги шпекулациите дека барал 30 милиони долари за дуел со тешкашот Френсис Нгану.
Џонс и Нгану претходно признаа дека преговорите за меч пропаднаа поради тоа што УФЦ не понудила доволно финансиски средства за овој мега-меч. Вајт на ова одговори дека Џонс барал „апсурдно висока“ сума за меч, слично како што Дионтеј Вајлдер доби за римечот со Тајсон Фјури во боксерскиот ринг. Оваа сума е околу 30 милиони долари и Џонс влезе во напад со барање да му се раскине договорот.
„Ако продолжуваш да ги кажуваш тие лаги, ќе морам да се бранам. Те молам твојот адвокат Хантер Кемпбел да ги објави тие наводни СМС пораки кои јас сум ги праќал. Не биди еб.н лажго. Мојата репутација и така ми ја наруши, не ми се потребни овие срања. А околу сумата за Дионтеј, ако таа е 30 милиони долари, ние ќе се задоволевме за половина од тоа. Бидејќи ти самиот рече дека сум ГОАТ и други работи“, напиша Џонс.
32-годишниот Џонс има само еден пораз во 28 ММА меча и тоа со дисквалификација, и призна дека заработувал околу 5 милиони долари за мечевите и дека дуел со камерунскиот „ѕвер“ Нгану мора да донесе повеќе пари.
УФЦ: Џон Џонс и Нгану сакаат меч во тешка категорија, УФЦ не дава пари