Светските шампиони во тешка категорија, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се согласиле за финансиските услови за два меча, вели промотерот на Џошуа, Еди Херн.
Дуел меѓу двајцата британски ривали, кој сега би бил за обединување на титулите во тешка категорија се најавува подолго време, но досега не се реализираше. Сега, Херн вели дека не очекуваат два меча меѓу нив на кои ќе се одлучи кој е најдобриот британски тешкаш по Ленокс Луис.
„Има огромен прогрес, иако има и пречки пред нас. Веќе ги разгледуваме датумите и местата каде што би се оддржале мечевите. Мора да го оддржиме задолжителниот меч против Дилијан Вајт претходно, но имаме договор за финансиската поделба. Во принцип имаме договор. За два меча“, вели Херн.
Џошуа ги врати ИБФ, ВБА и ВБО титулите во римечот со Мексиканецот Енди Руиз Јуниор минатата година, додека во февруари, Фјури со сензационална победа со нокаут во седмата рунда над Дионтеј Вајлдер ја освои ВБЦ титулата. Претходно, двајцата боксери имаат барем уште еден закажан меч – Џошуа против бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев, додека Фјури мора да му даде римеч на Вајлдер.