Поранешниот шампион во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа преку социјалните мрежи го објасни своето бизарно однесување по поразот од Олександер Усик во римечот во Саудиска Арабија во саботата.
Усик го декласираше Џошуа за победа на поени, по што Британецот прво ги фрли појасите на шампионот, излезе од рингот, за да се врати и да оддржи бизарен говор, по што се обиде да се пресмета со еден навивач кој го критикуваше за однесувањето и му порача да остане професионален.
„Му посакувам на Усик постојан успех во неговиот поход кон величината. Ти си класа шампион. Вчера се однесов на многу темно место за да се борам за шампионските појаси. Имав две битки, една со Усик и една со моите емоции, и ги загубив двете. Јас ќе бидам првиот кој ќе признае дека разочарав. Реагирав со емоции и страст и кога тоа не е под контрола, не е убаво. Го сакам овој спорт толку многу и ќе бидам подобар во иднина. Респект“, напиша Џошуа на Твитер.
I wish @usykaa continued success in your quest for greatness. You are a class act champ.
Yesterday I had to mentally take myself into a dark place to compete for the championship belts! I had two fights, one with Usyk and one with my emotions and both got the better of me. pic.twitter.com/onnUAALm3R
— Anthony Joshua (@anthonyjoshua) August 21, 2022
Срамно однесување за еден (екс)шампион – Џошуа целосно се загуби по поразот од Усик