Најдобриот тенисер од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур во интересно интернет-интервју со „Спорт клуб“ зборуваше за тоа каков е односот на американските тенисери кон тие од Европа, а посебно кон тие од Балканот.
„Овие ’наши’ тенисери ќе ги изземам, бидејќи со сите нив сум во фантастични односи. Најпозитивен лик од другите е Гаел Монфис, и тоа ќе ви го потврдат 99 отсто од тенисерите. Секогаш интересен, насмеан и никогаш не прави проблеми. Вистински позитивец. Од друга страна, Американците се најлоши за нас балканците и европјаните. Можам да споменам еден од нив, Џек Сок. Тој ќе помине пет пати покрај тебе во текот на денот и секогаш ќе ја спушти главата и нема да те поздрави. Срамежлив? Не, тој е арогантен. Едно време мислев дека е до мене, но потоа во разговори со другите тенсиери заклучивме дека Американците се такви. Да, 90 отсто од нив. Еден ден ќе ти зборува, следниот се прави дека не те познава“, вели Џумхур.