Најдобриот тенисер од Босна и Херцеговина Дамир Џумхур повотрно имаше свое шоу, овој пат на АТП турнирот во Виена.
Џумхур, во второто коло, загуби од Жо-Вилфред Цонга 6:7, 7:6, 6:1, а во вториот сет тој не реализира две меч топки.
Шоуто го започна во првиот сет кога при резултат 5:4 промаши една чиста топка, по што саркастично самиот си зборуваше: „Браво, браво“, поради што во наредниот поен еден чист форхенд испратеи далеку во аут.
„Ми се лоши од тенисов“, викал Џумхур, го загуби својот сервис, но сепак успеа да поведе со 1:0 по тајбрејкот.
Потоа тој во тајбрејкот на вториот сет не успеа да реализира две меч топки, а врв на неговото недолично однесување седмиот гем од решавачкиот сет при водство на Цонга 5:1. Кога не се ни обиде да врати еден сервис на францускиот тенисер.