Светскиот број 3, Доминик Тим се пласираше во финалето на егзибициската „Адрија турнеја“ во Белград откако со 4:3(2)/4:3(6) го победи Григор Димитров за да го освои првото место во групата Б.
Со оваа победа, Тим има два триумфи на егзибицијата и во вечерното финале (20 часот) ќе игра со изненадувањето Филип Крајиновиќ, кој по двете победи (од кои една над организаторот Новак Ѓоковиќ) обезбеди финале.