Рафаел Надал загуби сет на Ролан Гарос по 37 освоени, но потоа дождот го прекина мечот против Диего Шварцман не дозволувајќи да се комплетира вториот сет.
Првиот носител Надал, кој ја брка 11-тата титула во Париз, го загуби првиот сет со 6:4 од малиот Аргентинец, што беше прв загубен сет на Шпанецот од 2015 година. Во вториот тој водеше со 5:3 и 30:15, кога дождот го прекина мечот.
Во финалето на Мастерсот во Рим, Рафаел Надал губеше со 1:3 во последниот сет од Александер Зверев, пред да освои пет гема во низа и да го крене трофејот.
На теренот „Сузан Ленглен“, Марин Чилиќ и Хуан Мартин дел Потро го играа тај-брејкот во првиот сет кога мечот беше прекинат.
Фото: ЕПА