Top Sport

Драматично во Задар – Чориќ ги однесе Хрватите во финале

Тоа што требаше да биде само рутина – освојување на еден меч за пласман во финалето на Дејвис купот, на крајот за Хрватите беше вистинска драма, откако Борна Чориќ во одлучувачкиот петти меч едвај го помина Френсис Тиафоу за обезбедување на големиот дуел со Франција во ноември.

Најдобриот хрватски тенисер, Марин Чилиќ беше првиот кој го имаше одлучувачкиот меч, меѓутоа и покрај освоениот прв сет, тој беше поразен со 7:6(2)/6:7(6)/3:6/4:6 од Сем Квереј, по што патникот во финалето се одлучуваше во мечот Чориќ-Тиафоу.

Младиот Чориќ со 6:7(0)/6:1/6:7(11)/6:1/6:3 двапати се враќаше од сет негатива за да го совлада Тиафоу.

Во финалето од 23 до 25 ноември, Хрватска ќе гостува на Французите (најверојатно во Лил), откако „триколорите“ без проблеми со 3:0 уште во саботата го елиминираа шпанскиот состав без светскиот број 1, Рафаел Надал.

Scroll to Top