Шведскиот атлетичар Арманд „Мондо“ Дуплантис уште еднаш покажа дека е „кралот“ во скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6.22 метри на митингот во Клермон-Феран, Франција.
23-годишниот олимписки и светски шампион така го подобри својот претходен рекорд за еден сантиметар, откако скокна 6.21 метри на минатогодишното Светско првенство во САД. Ова е шести пат тој да го подобри светскиот рекорд, откако скокна 6.17 метри во февруари 2020 соборувајќи го рекордот на Французинт Рену Лавилени. Тој сега има 60 скока над 6 метри во својата кариера.
Украинскиот великан Сергеј Бубка беше првиот кој скокна шест метри во 1985 година, по што 12 пати го сруши рекордот, поставувајќи го на 6.15 метри, рекорд кој стоеше до 2014 година.
Evolution of the pole vault world record (contd.)
6.13m: Bubka 🇺🇦
6.14m: Bubka 🇺🇦
6.16m: Renaud Lavillenie 🇫🇷
6.17m: Armand Duplantis 🇸🇪
6.18m: Duplantis 🇸🇪
6.19m: Duplantis 🇸🇪
6.20m: Duplantis 🇸🇪
6.21m: Duplantis 🇸🇪
‼️ 6.22m: Duplantis 🇸🇪pic.twitter.com/oJGiNmE7UW— Firstpost Sports (@FirstpostSports) February 26, 2023