Германските новинари на ЗДФ објавија сторија во која откриваат дека Аслан Карацев и Николоз Басилашвили местеле натпревари. Моментално 26. и 42.на АТП листата се обвинити заедно со белорускиот селектор Јахор Јачик кој работел со двајцата.
Наводно, Јацик двапати им понудил пари на тенисерите за одложување на натпреварите, пренесува ЗДФ. Новинарите на овој медиум имале пристап до истражувачката датотека на ИТФ.
Како што наведуваат, по повеќемесечна работа утврдиле дека има најмалку пет мечеви за кои имало премногу уплати во обложувалниците.
Кога станува збор за Карацев, спорни се челинџерите во Финска 2019, Казахстан 2020 и АТП турнирот во Штутгарт. Сите во конкуренција на двојки. Од ЗДФ посочуваат дека Карацев дал изјава за тој медиум, но подоцна ја повлекол
Басилашвили е сомнителен кога е во прашање мечот од првото коло на Вимблдон во 2021 година против молдавскиот тенисер Раду Албот.
Инаку, веста беше објавена среде финалето на Вимблдон во кое славеше Новак Ѓоковиќ.