Талентираниот казахстански тенисер, Арсан Арашов не успеа во обидот да ја намали двегодишната суспензија пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), кој потврди дека тој ќе остане казнет до 30 септември 2018 година.
Арашов беше суспендиран поради позитивен тест на контроверзното средство Мелдониум, на кое „падна“ и руската тениска ѕвезда Марија Шарапова и отслужи 15-месечна суспензија.
„Имав проблеми со здравјето, и лекарот ми даде рецепт за мелдониум. Во иднина ќе внимавам на лекарствата кои ги добивам“, изјави Арашов.