Top Sport

Две годишна суспензија за Санчез

Самуел Санчез, поранешен олимписки шампион во велосипедизам, дополнително добил две годишна суспензија, бидејќи паднал на тестот за допинг во 2017 година. Санчез бил позитивен за време на Трката околу Шпанија (Вуелта) кога резултатите му биле позитивни на хормонот за растење.

Санчез кој има 41 година ќе може на велосипедизмот да му се врати на 16 август оваа година, соопштија од Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ).

Санчез е еден од најуспешните велосипедисти во 21 век. Во 2008 година освои златен медал на Олимписките игри, а два пати бил втор во генералните пласмани на Тур Д’Франс и Вуелта.

Scroll to Top