Камерунската ММА ѕвезда и кандидат за титулата во тешка категорија во УФЦ, Френсис Нгану уште еднаш покажа каков „ѕвер“ е со видео од неговите подготовки за следниот предизвик во октагонот.
Нгану, кој претходно добиваше совети и од Мајк Тајсон за да ги подобри своите боксерски способности, овојпат учествуваше во предизвик со удари со ракавици.
Последниот меч на Нгану во УФЦ беше на 9 мај, кога стигна до 10-тата победа во УФЦ со нокаут над Жаирзињо Розенстрајк. Тој очекува да добие ри-меч со УФЦ шампионот во тешка категорија, Американецот Стипе Миочиќ.
Дали Тајсон ќе му стане советник на УФЦ „ѕверот“ Нгану (видео)