Еди Хол и Хафтор „Тор“ Бјорнсон мораа да бидат разделувани откако за малку ќе го почнеа нивниот меч предвреме, откако жестоко се навредуваа кога се сретнаа во вежбална.
Двајцата поранешни Најсилни луѓе а светот, конечно, ќе ги решат своите недоразбирања како вистински џентлмени во боксерскиот ринг во сабота во Дубаи во меч кој е најавуван како „најтешкиот боксерски меч во историјата“. 33-годишниот Бјорнсон (познат по неговата улога во „Игра на тронови“) и 34-годишниот Хол долго време си разменуваат навреди, така што кога се сретнаа во вежбалната не беше многу „џентлменски“.
Хол се закани дека ќе му го „одгризе носот“ на исландскиот џин, предизвикувајќи го да „излезат надвор“, нарекувајќи го „п.чка“, по што Бјорнсон го нарече „гомно“ а нивните луѓе предизвикаа инцидент.
Во понеделникот, Хол отиде чекор понатаму на прес-конференцијата, велејќи дека не сфаќа зошто Тор ослабел 50 килограми.
„Тор поради некоја причина, изгледа како слабо куче во жештина. Глупаво! Ова треба да е најтешкиот меч во историјата и тој изгледа болно. Мислам дека има проблем со срцето и дека не може да издржи шест рунди. Долго време барав изговор да го учукам. Го мразам Тор, и тој ме мрази мене, и сега ќе го средиме ова“, изјави Хол.
@SuppressedSikh Thor vs Eddie Hall first face-to-face ? pic.twitter.com/czbxONjrqj
— Sam (@roathy_) March 13, 2022