Британецот Кајл Едмунд го совлада Јужнокореецот Чунг Хјеон со 7:6(3)/5:7/6:4 во тесен меч за да стигне до четврт-финалето на Бризбејн интернешнл, каде што ќе се судри со актуелниот шампион, Григор Димитров, кој се намачи со Австралиецот Џон Милман пред да победи со 4:6/7:6(8)/6:3
Едмунд губеше со 3:1 во тај-брејкот во првиот сет, пред да освои шест поени во низа за да поведе, но 21-годишниот Чунг се врати за да го освои вториот сет и да примора одлучувачки сет. Узбекистанецот Денис Истомин со 7:6(5)/6:2 го совлада Џаред Доналдсон, за да постави меч со својот сонародник Рајан Херисон, кој со 6:7(5)/6:4/6:2 беше подобар од Јаник Ханфман, кој го замени Енди Мареј на турнирот.
На женскиот турнир, актуелната шампионка Каролина Плишкова со 3:6/7:5/6:2 ја победи освојувачката на трофејот од 2012 година, Каја Канепи, за да постави полуфинале против „жешката“ Елина Свитолина.
Свитолина влезе во полуфиналето, откако Британката Џоана Конта се повлече поради повреда на колкот во третиот сет при 1:6/7:6(6)/3:2 резултат.