Ниту фудбалските ѕвезди Роналдо и Лука Модриќ на трибините не му донесоа среќа на Новак Ѓоковиќ на Мадрид опен, откако Кајл Едмунд ги искористи сите грешки на Србинот за 6:3/2:6/6:3 победа во второто коло.
Едмунд остана смирен во клучните поени во вториот сет, и направи клучен брејк за 5:3 водство во последниот сет, за да стигне до најголемата победа во својата кариера и да ја комплетира одличната пролет за него, откако во Казабланка го играше своето прво АТП финале и загуби од Пабло Андухар.
За Ѓоковиќ, ова е уште еден во низата фрустрирачки порази пред Францускиот опен, каде што со ваква игра тешко дека ќе биде еден од фаворитите. Тој во првото коло го мина Кеи Нишикори, уште еден тенисер кој се враќаше на терените по долга пауза поради повреда, но сега му останува уште Италија опен во Рим како подготовка за Ролан Гарос.
#Video Ronaldo dice presente en el Masters 1000 de Madrid y disfruta de Djokovic junto a Luka Modric. ¡El croata no fue citado para el duelo ante Sevilla y aprovecha del día libre! https://t.co/s5w3c40tUu
— SportsCenter (@SC_ESPN) May 9, 2018
(?@TennisTV ) pic.twitter.com/v7KWRU5QBC
— doublefault28 (@doublefault28) May 9, 2018