Северна Кореја нема да учествува на Олимписките игри во Токио. Олимпискиот комитет на оваа земја, со цел да ги заштити своите спортисти од коронавирусот, оваа одлука ја донел на 25.март.
Ова ќе биде прв пат по Игрите во Сеул 1988 година, Северна Кореја да не настапи на ОИ. Оваа земја тврди, дека во државата немаа ниту еден заразен со коронавирусот.
Инаку, челниците на Олимписките комитети на Северна и Јужна Кореја, објавија дека Сеул и Пјонгјанг ќе однесат заедничка кандидатура за организацијата на Олимписките игри во 2032 година.