Top Sport

Егоров ќе се бори за злато на ЕП во борење

Македонскиот борач, Владимир Егоров ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во Будимпешта по двете убедиви победи во категоријата до 57 килограми.

Егоров, кој на ЕП во 2019 година освои бронзен медал, во четврт-финалето го совлада Германецот Никлас Штехеле со 5:4, за во полуфиналето со 10:0 да го декласира Ерменецот Манвел Ханѕрсјан. Во борбата за златото, Егоров ќе се бори со Азербејџанецот Алиабас Рзазаде.

Scroll to Top