Top Sport

Tопспорт во Порто….Ристовски: Оваа Македонија има нешто што другите немаат…Можеме и утре против цел стадион

Топспорт во Порто,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија е подготвена за големиот предизвик, да испише нова историја и да се пласира на Светско првенство. Утревечер на „Драгао“, како што истакна капитенот Стефан Ристовски, македонската селекција е подготвена за сите искушенија, да одолее и на 50.000 Португалци кои ќе бидат на трибините.

„Ние, против 50.000 Португалци, подготвени сме, навистина. Ова е сигурно еден од најважните натпревари во историјата на македонскиот фудбал. Можеби светот ова не го очекуваше, ние да бидеме денеска овде на прес – конференција. Но, Македонија има нешто што можеби други го немаат. Подготвени сме за ова големо финале против Македонија. Не можам да замислам дека Македонија ќе игра против Португалија за пласман на Светско првенство“, изјави Стефан Ристовски.

Тој играше за Спортинг Лисабон и вели дека е во добри релации со многу Португалци, но тоа нема да влијае на утрешниот дуел.

„Син ми е тука роден, во Португалија, па имам симпатии кон оваа земја секако. Со многу португалски фудбалери сум пријател, со Бруно сум одличен пријател, но тоа нема да влијае на утрешниот меч“, напомена Ристовски.

Scroll to Top