Top Sport

Еид Насер со најбрза трка на 400 метри од 1985 до злато за Бахреин!

Салва Еид Насер, која е родена во Нигерија, го донесе првото злато на СП за Катар, откако ја изненади олимписката шампионка од Бахамите, Шони Милер-Уибо во трката на 400 метри. 21-годишната Еид Насер успеа да ја помине Милер-Уибо на рамниот дел за победа со време од 48.14, трето најдобро време во историјата.

Британката Катарина Џонсон-Томпсон пак, ја победи олимписката шампионка, Белгијката Нафисату Тијам за своја прва титула во седмобојот. Со нов британски рекорд од 6.981 поени (и четврт најдобар скор по првиот ден во историјата), Џонсон-Томпсон победи за да заборави на бизарниот настап на СП пред четири години во Лондон, кога немаше легален резултат во скокот во далечина, но мораше да го комплетира седмобојот да може да учествува во индивидуалното натпреварување во скок во височина.

СП АТЛЕТИКА, 7.ДЕН

СЕДМОБОЈ (Ж)

1.Катарина Џонсон-Томпсон (Бри) 6.981

2.Нафисату Тијам (Бел) 6.677

3.Верена Прениер (Авт) 6.560

400 МЕТРИ (Ж)

1.Саива Еид Насер (Бах) 48.14

2.Шони Милер-Уибо (Бах) 48.37

3.Шерика Џексон (Јам) 49.47

ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ (Ж)

1.Лиџијао Гонг (Кин) 19.55 м

2.Даниел Томас-Дод (Јам) 19.47 м

3.Кристина Шваниц (Гер) 19.17 м

Scroll to Top