Top Sport

Ексшампионот Валуев има тумор на мозокот

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, а сега пратеник во руската Дума, Николај Валуев потврди дека бил на две операции поради тумор на мозокот.

Валуев, кој со своите 213 сантиметри го носеше прекарот „Рускиот ѕвер“, во 2005 година го победи Џон Руиз за да ја освои неговата ВБА титула во тешка категорија за да стане највисокиот и најтешкиот (146 килограми) шампион во оваа категорија. Во кариерата тој имаше само два порази, од Руслан Чагаев и од Дејвид Хеј во неговиот последен меч во 2009 година.

По ова, тој имаше кратка филмска кариера во Русија и Германија, пред да стане пратеник од владеачката партија „Обединета Русија“ во 2011 година.

„Имам условно фатална болест и мораше да биде локализирана што е можно побргу. Затоа двапати морав да одам на операција, првпат во Германија, а потоа и во Русија. Меѓутоа, не успеаја целосно да го отстранат, бидејќи постоеше голем ризик. Сега, морам да одам на терапија секој месец“, открива Валуев.

Scroll to Top