Top Sport

Енди Мареј ги избришал своите социјални мрежи по гледање на документарец

Поранешниот светски рекет број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј признава дека ги избришал Твитер и Инстаграм од својот телефон откако го гледал документарниот хит на „Нетфликс“, „Социјална дилема“ (The Social Dilemma).

Мареј признава дека во последните месеци прочитал многу написи за неговото наводно повлекување од тенисот, но тоа не е причината за заминувањето од социјалните мрежи, туку документарниот филм во кој се зборува за влијанието на овие мрежи на човековото однесување.

„Немам Твитер на телефонот, а минатата недела го избришав и Инстаграм. Не поради коментарите за пензионирање. Ако си на тие мрежи, тогаш ги гледаш тие вести, но тоа не беше причината. Пред некое време го гледав тој филм ‘Социјална дилема’ и мислев дека е брилијантен. Потоа ги гледав интервјуата со тие кои го направија филмот и сфатив, да, готово за мене со тие работи“, вели 33-годишниот Мареј.

Scroll to Top