Top Sport

Иванишевиќ: Новак е опасен за Западот, затоа не го сакаат

Тренерот на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ се врати дома и даде интересно интервју во ХРТ во кое зборуваше за тоа зошто на „Западот“ не го сакаат неговиот пулен, и покрај неговата доминација во светот на тенисот во последнтие години.

Во Мелбурн, Ѓоковиќ неколку пати беше критикуван од јавноста – прво откако тенисерите заглавија во хотел во карантин и тој побара да им се овозможат подобри услови, а потоа поради наводното „лажирање“ повреда во дуелот со Американецот Тејлор Фриц. Иванишевиќ вели дека се работи за глупости.

„Какво измислување на повреда? Човекот води 2:0 во сетови и би измислил повреда за да добие тенисер како Тејлор Фриц! Кога тоа го прават некои други, се зборува за херојски чин и се вели: ‘Секоја чест’. Но, на крајот тој успеа. Потроши многу енергија, му помогнавме да не се замара со тие работи. Тоа му даде дополнителен мотив и сила и се виде на теренот. Знаете, Западот не сака така моќен човек, кој има војска навивачи зад него и кој се дрзнува да го каже тоа што го мисли. Верува во своите мисли, и тоа е опасно за Западот. Тоа почна по првиот локдаун, преку Адрија купот, иако не знам што толку опасно се случи таму. Беше и ланскиот несреќен САД опен, па и лошото финале од Ролан Гарос. Сега, пак, му извадија приказна за лажирање на повреди“, вели Иванишевиќ.

Тој додава дека воопшто не му е тешко да работи со Ѓоковиќ.

„Се работи за ист менталитет, за ист јазик, и тоа помогнува во објаснувањето, во разговорите. Дури понекогаш не мораш да кажеш ништо, доволно е да се погледнеш. Балканците може да тренираат било кого, но Балканец не може да го тренира никој друг освен Балканец. Да знаете, кога вика на теренот, речиси секогаш вика по мене“, објаснува Иванишевиќ.

На кого му „урлаше“ Ѓоковиќ?

Scroll to Top