Поранешниот светски рекет број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј заедно со својот стар пријател Фелисијано Лопез ја освоија титулата во двојки од турнирот во Квинс клаб во Лондон по драматичната 7:6(6)/5:7/10:5 победа над Раџив Рам и Џо Селисбјури.
За Лопез ова е двојна титула од елитниот турнир на трева пред стартот на Вимблдон, откако претходно во сингл-финалето го победи Жил Симон, додека за Мареј ова е ветувачки старт на „втората кариера“ како тенисер во двојки по операцијата на колкот и неизвесноста околу иднината.
Ветеранот Фелисијано Лопез по вторпат со трофејот од Квинс клаб