Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј ја заврши тениската сезона по поразот во два сета од Фернандо Вердаско во четврт-финалето на Шенжен опен.
Шкотланѓанецот требаше да игра и на Кина опен во Пекинг, но сега потврди дека поради повреда на скочниот зглоб ја завршува сезоната со 6:4/6:4 пораз од шпанскиот ветеран Вердаско, кој го елиминираше и во второто коло на САД опен во август. Овие две победи доаѓаат откако Вердаско претходно имше осум порази во низа од Мареј последните девет години. Вердаско ќе игра со Јапонецот Јошихито Нишиока за место во финалето.
Мареј, кој падна на 311. место на АТП листата по катастрофалната сезона по операцијата на колкот, и одигра само 12 меча и сега ќе работи на физичка подготовка пред следниот гренд слем, Австралија опен во јануари.