Top Sport

Енди Мареј во Токио ќе ги брани титулите од Рио и Лондон

Двојниот олимписки шампион, Британецот Енди Мареј ќе настапи на претстојните Олимписки игри во Токио.

Шкотланѓанецот, кој има освоено три грен слем титули, триумфираше на последните два олимписки турнири, во Рио де Жанеиро (2012) и во Лондон (2016 година).

„Олимписките игри многу ми значат. Голема е честа да се натпреваруваш на четири“ изјави Мареј кој моментно е 119. играч во светот на тенисот.

Прашање е колку некогашниот прв светски тенисер ќе може да ја одбрани титулата во Токио затоа што сезонава има одиграно само 5 меча, а скорот му е 2-3.

Велика Британија во сингл на ОИ ќе ја претставуваат уште и Даниел Еванс, Џоана Конта и Хедер Вотсон. Британците ќе имаат два машки двојки – Џо Салисбури ќе му биде партнер на Мареј, додека вториот дубл ќе го сочинуваат Нил Скупски и Даниел Еванс.

Scroll to Top