Top Sport

Вајналдум ќе замине од теренот во Будимпешта ако биде расно навредуван

Капитенот на Холандија и нов фудбалер на ПСЖ, Жоржињо Вајналдум вели дека ќе носи капитенска лента со боите на виножитото и ќе си замине од теренот доколку добие расистички навреди во осминафиналето против Чешка во Будимпешта во недела.

Унгарците се под истрага на УЕФА за „потенцијално дискриминирачки инциденти“ за мечевите на Унгарија против Франција и Португалија на „Пушкаш арената“. Пред мечот со Франција, унгарските фанови маршираа со банер кој ги повикуваше фудбалерите да престанат со клечењето како протест против расизмот, а против Португалија на трибините имаше пораки против ЛГБТ заедницата.

„Не се работи за нешто против Унгарија. Капитенската лента значи многу бидејќи стои за различност, една љубов значи дека сите се дел од тоа и дека секој треба да биде слободен. Сметаме дека правото да бидеш тоа што си се спречува и како фудбалери мораме да направиме нешто. УЕФА треба да ги заштитува фудбалерите од расизам и дискриминација. Не знам како би реагирал во таква ситуација. Првата мисла е дека ќе заминам од теренот“, вели Вајналдум.

Scroll to Top