Top Sport

Пенант: Арсенал не знаеја дека јас сум член на банда од Нотингем

Поранешното крило на Арсенал, Џермејн Пенант ќе ја објави својата автобиографија „Ментал“, во која ќе открие детали за неговиот проблематичен живот, како врските со бандите од Нотингем и трките со автомобили.

Пенант, кој дојде кај „топчиите“ како 15-годишник, вели дека бил целосно вклучен во бандите како млад, и открива како посетувал еден пријател во кома откако бил избоден 15 пати, без за тоа да знае Арсенал.

„Моите пријатели беа горди на мене, на тоа што од Медоуз стигнав до Премиер лигата, и неговата мајка мислеше дека ќе му биде подобро ако ме слушне мене. Не се охрабрив да им кажам каде одам. Тоа беше страшен момент, бидејќи си помислив дека тоа може да сум јас“, пишува Пенант во извадок објавен во „Дејли мирор“.

Пенант дојде во Арсенал во 1999 година, но дебитираше во Премиер лигата во 2002 година и поголем дел од кариерата помина како позајмен играч, пред да замине во 2005 година. Покрај настапите за „топчиите“, тој играше за Ливерпул и Стоук. Тој исто открива како уживал во трките со автомобили и како во еден инцидент сакале да го истуркаат од патот.

„Тоа беше како да си заробен во играта ГТА. Мојот пријател одеше лево-десно, а автомобилот се удираше во нас. Девојките внатре вриштеа“, додава Пенант.

Пенант се правда: Не сум порно ѕвезда (галерија)

Scroll to Top