Top Sport

Ешли Барти освои турнир во голф само две седмици откако се прости од тенисот

Ешли Барти, до неодамна првата тенисерка во светот, навести во кој правец би можела да оди нејзината кариера по повлекувањето од тенисот. Австралијката победи на турнирот во голф на теренот на клубот Бруквотер во Бризбејн. Oва го оствари неполни две недели по објавата дека решила да стави крај на тениската кариера.

Таа го освои истиот турнир и пред две години, а уште тогаш стручњаците од светот на голфот рекоа дека има се што и е потребно за да игра на професионалните турнири.

Нејзиниот вереник Гери Кисик гради вила веднаш до терените на овој голф клуб, што само ги засилува шпекулациите дека Ешли ќе го избере голфот за свој иден спорт. Не треба да се заборави дека Ешли е голем љубител и на крикет и дека пред неколку години ја прекина тениската кариера само за да се испроба во овој спорт.

Scroll to Top