Поранешната американска тенисерка, Ешли Харклроуд вели дека е воодушевена од својата нова кариера, откако неодамна почна да работи во порно-индустријата.
36-годишната Харклроуд се појави на тениската сцена во раните 2000-ти, кога доминираа сестрите Вилијамс и Марија Шарапова, така што најдобар рејтинг и беше на 39. место на ВТА листата, остварен во 2003 година.
Во 2008 година, таа ја покажа својата друга страна, појавувајќи се на насловната страница на „Плејбој“, пред по раѓањето на двете деца да се откаже од тенисот и да се фокусира на својата „Онлифанс“ страница на која го објави своето прво порно-видео со нејзиниот сопруг.
Екстенисерката Харклроуд вели дека штеди на облека (галерија)