Top Sport

Еве зошто тенискиот свет лудува по шпанскиот тинејџер Алкараз

Карлос Алкараз е новата надеж на шпанскиот и на светскиот тенис, природниот наследник на големиот Рафаел Надал, што уште еднаш го покажа на Некст Џен финалињата во Милано, на мечот со Брендон Накашима.

При победата во два сета над Накашима, Алкараз го имаше најневеројатниот тениски поен во 2021 година, кога од дефанзива, успеа да прејде во напад, и кога изгледаше дека мрежата ќе му ја поништи среќата, тој успеа да го прави следново:

Алкараз, кој произлезе од школата на Надал на Мајорка, лани дебитираше на АТП турнејата како 16-годишник, но оваа година навистина го покажа својот талент. Прво тој ја освои својата деби АТП титула во Умаг, Хрватска, по што на САД опен имаше фантастичен пат до четврт-финалето, победувајќи го Стефанос Циципас, за да стане најмладиот четвртфиналист во Њујорк во Опен тениската ера.

Момче со блескава иднина пред него.

Тениската школа на Надал „исфрли“ иден шампион

Алкараз: Јас сум амбициозно момче

Scroll to Top