Ремко Евенепел е новиот светски шампион во уична трка, откако стигна до фантастична соло победа во Австралија со што се комплетира неверојатната година за 22-годишниот Бегиец, кој во април победи на класичната трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, а во септември стана првиот белгиски шампион на една од трите големи трки по 44 години со триумфот на Вуелта Еспања.
Евенепел триумфираше со време од 6:16:08 откако се одвои на 25 километри од 266.9 километри долгата трка околу градот Волонгонг. Французинот Кристоф Лапорт беше далеку на второто место со 2 минути и 21 секунда заостанување, додека Австралиецот Мајкл Метјуз заврши како трет.
„По монументалната трка, Вуелта, сега и светска титулата, мислам дека победив секаде оваа година. Не верувам дека ќе имам подобра сезона во кариерата“, изјави Евенепел.
Трката беше одбележана со мал скандал, откако еден од фаворитите за победа, Матју ван дер Пел се откажа по десетина километри откако беше уапсен во саботата навечер. 27-годишниот Холанѓанец нападнал двајца тинејџери кои се појавиле пред неговата хотелска соба за да го провоцираат.