Top Sport

Евенпул победник на првата етапа на Џиро д’Италија

Белгискиот велосипедист Ремко Евенпул победи на првата етапа на трката Џиро д’Италија што се одржа денеска во Ортона.

На индивидуалниот хронометар од 19,6 километри, Евенпул славеше со време од 21,18 минути.

Италијанецот Филипе Гана го освои второто место со 22 секунди заостанување, додека Португалецот Жоао Алмеида ја мина целта на третото место со 29 секунди заостанување.

Словенецот Примож Роглич заостана 43 секунди зад Евенпул.

Втората етапа од 202 километри ќе се вози утре од Терамо до Сан Салво.

Scroll to Top