Top Sport

Европа го освои голферскиот Рајдер куп

Европските голфери останаа смирени во неделата наутро за да го вратат Рајдер купот на „Ле Голф насионал“ во Франција.Ова е прва титула од Рајдер купот за Европа од 2014 година.

Во натпреварување кое наликува на тенискиот Дејвис куп и во кое се судираат најдобрите европски и американски голфери, Американците беа големи фаворити, но по одличниот петок и сабота, на европските голфери им остана тешката недела.

Американецот Џастин Томас го победи Рори Мекилрој, Брукс Кепка и Пол Кејси одиграа нерешено во вториот меч, пред големите победи на Американците Веб Симпсон и Тони Фино. Сепак, тогаш европските голфери се вратија – Торбјорн Олесен го „уништи“ Џордан Спит, пред Јан Пултер да биде подобар од Дастин Џонсон, за Франческо Молинари со победата над Фил Микелсон да ја донесе титулата за Европа.

Фото: ЕПА

Scroll to Top