Мајк Тајсон за малку ќе добиел втора тепачка вечерта по мечот со Рој Џонс Јуниор, откако еден фан се обидел да упати удар кон боксерската легенда во обид да го предизвика на улична тепачка.
Според „ТМЗ“, Тајсон си заминувал од „Стејплс центарот“ по ремито со Рој и налетал на мала група на фанови кои барале автограми. Тогаш еден човек од публиката го повикал Тајсон на тепачка, по што тој одговорил дека „тоа нема да заврши добро за него“.
Тогаш човекот решил да упати удар кон Тајсон и потоа сакал да извади оружје, пред тимот на Тајсон да интервенирал и да го избркал напаѓачот, а потоа била информирана и полицијата во Лос Анџелес.